Rome Business School Belgrade организира натпревар за стипендирање: Освојте стипендија и станете дел од најпрестижната деловна заедница во регионот

Rome Business School Belgrade

Деловната заедница од нашиот регион неодамна стана побогата со уште една меѓународна бизнис школа со светско реноме и квалитет, која се фокусира на едукација на менаџери и идни лидери. Станува збор за Rome Business School со седиште во Белград, која е придружна членка на Rome Business School од Рим, која е пак членка на меѓународната мрежа на Planeta Formacion y Universidades, основана во 2003 година од страна на De Agostini и групата Planeta и претставува олицетворение на силна посветеност не само кога станува збор за компаниите, туку и за универзитетското образование, како и професионалниот раст и развој.

Executive MBA програмата во Србија им обезбедува на студентите 60 меѓународно признати ESPB и двојни дипломи од римската бизнис школа во Рим, Италија и меѓународниот универзитет VIU од Валенсија, Шпанија. Она што исто така ја издвојува римската бизнис школа од пазарот е и Корпоративниот советодавен одбор (Corporate Advisory Board – CAB) кој е составен од истакнати експерти . Членови на CAB се Зоран Петровиќ претседател на извршен одбор /финансиски директор (CFO) од Рајфајзен банка во Белград, Драгољуб Дамљановиќ потпретседател за продажба дигитални мрежи од Шнајдер Електрик, претседател на српската асоцијација на менаџери, Јелена Ристиќ регионален директор на Mastercard за пазарите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Нинко Тешиќ генерален директор на Impol Seval валавници во Севојно, Горан Васиќ, извршен директор за корпоративни дејности во Yettel Serbia и Ивана Вишњиќ, Junior Patner од Egzakta Advisory.

И оваа година, Rome Business School Belgrade (RBS), во рамките на неговото општествено одговорно деловно окружување организира натпревар за упис на нова генерација учесници на програмата за Executive MBA. Преку интерактивен пристап и решавање студии на случај, учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат и да обезбедат финансиски грант во форма на една 100% покриена стипендија и најмалку две стипендии со 50% покриеност. Натпреварот за стипендирање ќе се оддржи во сабота на 9 април во Белград, а сите заинтересирани може детално да се информираат околу критериумите, како и да се пријават на натпреварот преку следниот линк: https://www.rbs.mba/win scholarship/.

Пријавете се и искористете ја можноста да освоите целосна или делумна стипендија за EMBA. Станете подобри менаџери за подобар свет.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот