Романтичното значење зад свршеничките прстени „Toi et moi“ – прстените со кој беа запросени Меган Фокс и Емили Ратајковски

toi et mot
Фото: Принтскрин / Instagram

Машин Ган Кели ја започна 2022 година со запросување на Меган Фокс – со блескав прстен кој чини 400 илјади долари. На прстенот интересно е што има две камења – смарагд и дијамант – кои ги симболизираат нивните два карактери. Овој прстен, кој не е толку типичен како за свршенички прстен, е стил во тренд во пораст попознат како „Тoi et moi“.

Дали зборуваш француски? Ако не, „Тoi et moi“ во превод значи „ти и јас“, а во светот на накитот опишува одреден – и моментално доста популарен – стил на прстен. Описно, прстенот „Тoi et moi“ е во форма на обвиена лента, со два скапоцени камења сместени еден до друг кои се среќаваат на опачината од прстот.

Како што сугерира името, стилот е многу романтичен – тој симболизира два ентитета кои се припиваат како едно. Како што прстенот на Меган Фокс содржи смарагд, нејзин камен на раѓање и дијамант, каменот на Машин Ган Кели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GMG Jewellers (@gmgjewellers)

Зошто прстените „Тoi et moi“ се популарен избор на веренички прстен? Па, што може да биде поромантично од прстенот „Тoi et moi“, каде што се спојуваат два камења за да го симболизираат спојувањето на двајца љубовници?

Датирајќи со векови, стилот станува познат во 1796 година, кога Наполеон Бонапарта ја запроси Жозефина де Бохарне со еден таков прстен. Традиционално, тие имаат два различни камења во соодветни големини и кроеви, но денес, златарите си играат со контрасти во кроевите, големини и поставки за посовремен изглед.

 

Џеки Кенеди славно го редизајнираше нејзиниот веренички прстен во стилот на „Van Cleef & Arpels“. Смарагдниот и дијамантскиот скапоцен камен првично бил опкружен со линеарни багетни дијаманти, кои на крајот ги заменила со повеличествени дијаманти со маркизно сечење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elegance.personified

Стилот има многу историја, но модерните славни личности докажуваат дека неговата привлечност е безвременска. Себастијан Беар-МекКлард ја запроси Емили Ратајковски со прстен од кој “паѓа вилицата“: златна лента од 18 карати украсена со 2-каратен дијамант во принцес брусење до 3-каратен дијамант во облик на круша дизајниран од Алисон Лу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate & Kole (@kateandkole)

Аријана Гранде носи „Тoi et moi“ и на левата рака. Украсен со овален дијамант, поставен на оската исток-запад на основа од платина. Прстенот на пејачката има и нежен бисер, за кој нејзините обожаватели веруваат дека е земен од вратоврската на нејзиниот дедо.

Алан Фергусон ја запроси музичарката Соланж со уникатен прстен „Тoi et moi“. На пејачката, која се раздели од режисерот во 2019 година, ѝ беше врачен златен прстен во арт-деко дизајн, украсен со дијамант со четвртаст пресек со нишки, опкружен со дијамант од смарагд. Клучната разлика? Малиот јаз меѓу скапоцените камења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Bead Shop (@beadshopneworleans)

Прстените „Toi et moi“ не се само за свршувачки. Кајли Џенер го покажа својот на Инстаграм минатата година (бремената магнатка го носи на левата рака, но не на прстот за свршенички прстен), заедно со соодветниот мини-јас стил на ќерката Сторми, комплет со помали дијаманти

„Тато ни донесе соодветни прстени“, напиша Кајли на интернет. Сосема соодветен подарок за убавицата од Тревис Скот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Good Stone (@goodstone_inc)

Неодамна, Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со прстен дизајниран од британскиот златар Стивен Вебстер, во кој беа вградени и двата нивни камења според  раѓање. Смарагдот и дијамантот се „поставени на две магнетни ленти од трње кои се спојуваат како две половини од иста душа, формирајќи го опскурното срце што е нашата љубов“, објасни тој во објавата на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот