Романтични гестови кои се знаци за тревога

Во нова врска сте и партнерот ви е претерано романтичен? Можеби е време да ги фрлите розовите очила.

Филмовите ни даваат погрешна перцепција дека романтичните гестови се супер и здрави на почетокот на врската, но следниве знаци ќе ви покажат дека всушност, е време за тревога:

Прерано ви изјавува љубов

Едно е ако јасно ви даде до знаење дека му се допаѓате и дека има сериозни намери со вас, а сосема друго е ако уште во првата недела ви вели „Те сакам“ или „Ти си мојата сродна душа“. Ваквата импулсивност е карактеристична за нарцисоидните луѓе и на оние кои сакаат да контролираат.

Споделува лични детали на првиот состанок

Не постои кодекс за однесување на првите состаноци, но она што е сигурно е дека нема потреба да се споделуваат детали од приватниот живот, особено од претходните врски. Оваа личност најверојатно не е подготвена повторно да биде во сериозна врска.

Постојано ви праќа пораки

Возбудата на почетокот на врската е навистина интересна и често едвај чекаме да добиеме порака. Но, ако дојде до момент кога сте презаситени од тоа и превртувате со очите кога ќе го видите неговото/нејзиното име на екранот, тогаш постои голема шанса дека се работи за посесивна личност која нема да знае да ги почитува вашите граници.

Сака постојано да сте заедно

Ако нема почит за тоа дека имате и работа и семејство и пријатели, време е да се вклучи црвената тревога. Треба уште на самиот почеток да ги разграничите нештата и ако веднаш не сфати, нема да сфати никогаш…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот