Романскиот министер за здравство поднесе оставка

романија влада
Влада на Република Романија / Фото: МИА

Орбан ќе го предложи за нов министер за здравство досегашниот државен секретар во ресорното Министерство, Нелу Татару.

Романскиот министер за здравство Виктор Костаке поднесе оставка во екот на епидемијата на новиот коронавирус, од кој досега во Романија починаа 17 лица, објави новинската агенција Аџерпрес.

За поднесената оставка соопшти денеска романскиот премиер Лудовик Орбан, кој потврди дека таквата одлука е донесена од „лични и професионални причини”.

Орбан ќе го предложи за нов министер за здравство досегашниот државен секретар во ресорното Министерство, Нелу Татару.

Романскиот премиер изрази жалење поради оставката, додавајќи дека има разбирање и му заблагодари на Костаке за добрата соработка во изминатите пет месеци додека бил на таа функција.

Костаке вчера истакна дека подготвил протокол за иновативна програма, преку која ќе бидат тестирани за коронавирус сите жители на Букурешт преку мобилни екипи по методот од врата на врата. неговата иницијатива предизвика многубројни критики.

Според последните податоци, бројот на починати од Ковид-19 во Романија е 17 лица, а 906 се зарзени. Земјата на 16 март воведе вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот