Романскиот епископ го повтори Велигден за оние кои го пропуштија поради пандемијата

скопје велигден коронавирус црква корона жена моли велики петок причест
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Верниците се причестија со исто лажиче и покрај здравствените предупредувања.

Романскиот епископ Теодосиј синоќа ја повтори велигденската литургија за оние кои не можеа да присуствуваат во април поради мерките за изолација воведени во текот на пандемијата од ковид-19.

Теодосиј рече дека литургијата се повторува за православните верници кои пандемијата ги спречи да присуствуваат на велигденската литургија на 19. април.

Ги изведе главните делови од обредот и на верниците им даде причесна со иста лажичка и покрај здравствените предупредувања.

Свечената литургија, која во медиумите се наредува Велигден втор пат, го привлече вниманието на помал број верници во катедралата во Констанца, а луѓе имаше и во другите цркви во овој црноморски град.

Патријархот на Романската православна црква рече дека Теодосиј дејствувал автономно и дека велигденските литургии се извршиле без верници поради здравствен ризик.

Нп за некои санкции поради постапката на епископот воопшто нема муабет, а познат е по тоа што и претходно ја спроведувал својата волја.

Околу четири петтини од населението во Романија се православни верници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот