Романската влада го преживеа гласањето недоверба во парламентот

романија влада
Влада на Република Романија / Фото: МИА

Владата на романскиот премиер Флорин Циту го преживеа гласањето недоверба, предложено од левичарската опозиција, која ја обвинува за „водење на земјата во пропаст“.

Недоверба на владата на Циту ѝ изразија 201 пратеник, далеку под 234-те гласа потребни за соборување на владата, којао почна со работа по изборите во декември.

Социјалдемократите (ПСД), поддржани од крајната десница АУР, ја обвинуваат владата за „осиромашување на Романците со замрзнување на нивните плати и пензии“ и за „расфрлање со парите позајмени на меѓународниот пазар“.

Премиерот Циту ги негираше обвинувањата, нагласувајќи ја подготвеноста на неговата коалиција, составена од либералите и реформската партија УСР-Плус, за модернизација на земјата.

Романската економија, погодена сериозно од здравствената криза, во 2020 година опадна за 3,9 проценти, што е најлоша состојба од рецесијата во 2009 година. Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд ги зголемија своите прогнози за раст, кои сега се меѓу 5,1 и 6 проценти за 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот