Романска екипа се обиде да ги измами своите фудбалери

Романскиот прволигаш Астра се обиде со своите фудбалери да се договори за намалување на платите поради пандемијата на коронавирусот.

Предлогот на управата била платите да се намалат за 50%, со образложение дека тоа би му помогнало на клубот да се извлече од кризата.

Но, планот имал и „темна“ страна, а за тоа дознала Унијата на професионални фудбалери, ФИФПро.

Имено, клубот веќе им должи плати за три месеци, за јануари, февруари и март, кои играчите треба да ги добијат бидејќи тогаш редовно се играше фудбал. Клубот направил договор кој им го понудил на фудбалерите, а во него се преглага намалување на платите за 50 проценти.

Преглогот на клубот е добар, но управата на Астра им понудила на фудбалерите да се направи договор во траење од девет месеци, односно до септември годинава, со што би влегле и првите три месеци кога романското првенство редовно се играше.

Кога фудбалерите се пожалиле, во ФИФПро се заканиле на клубот со судски спор на судот за спортска арбитража во Лозана по што управата на Астра го повлекла предлогот.

Ова не се единствени вести од Романија, бидејќи во ФИФПро имаат информации дека некои клубови прекинале целосно со исплатата на платите на фудбалери од кои не биле задоволни сопствениците на екипите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот