Плакат за промоцијата на романот „Недостиг“ во „Буква“

Романот „Недостиг“ на Симеон Јанков ќе има промоција во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ на 13 февруари, во 19 часот, ќе се одржи промоција на романот „Недостиг“ од Симеон Јанков. Романот е во издание на „Или-или“ и е дел од едицијата „ПРОаЗА“. Промоторка на романот е Фросина Крушкаровска.

„Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман-мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна.

Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи справување со сѐ.

Во романот се наметнуваат деликатни прашања: што ако веќе го нема минатото на кое сакаш да му се вратиш, што ако не можеш да го промениш она што никогаш не се случило, што ако дури ни во детството веќе никој не те чека, дали твојата неприпадност е нечија туѓа припадност.

Симеон Јанков е роден 1981 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата Македонски и јужнословенски книжевности. Автор е на романите „Црна шума“ („Ми-Ан“, 2019) и „Најосаменото место“ („Или-или“, 2021).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот