Романот „Маџун“ на Влада Урошевиќ е преведен и објавен во Бугарија

Романот „Маџун“ на македонскиот писател и академик Влада Урошевиќ е објавен во превод на бугарски јазик, под наслов „Петмез“. Романот го објави издавачката куќа „Жанет 45“ од Пловдив.

Преводот на бугарски јазик е на Русанка Љапова, а книгата е мошне успешно илустрирана од ликовната уметничка Љуба Халева.

Во оригинал, на македонски јазик, „Маџун“ е објавен во 2018, а следната година ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобрата прозна книга. Потоа романот излезе во превод на руски јазик (направен од Олга Панкина) во Москва, и во превод на хрватски (направен од Јелена Лужина) во Загреб.

Во текот на пролетниве месеци „Маџун“ се очекува да излезе во превод на српски јазик во Белград и во превод на босански јазик во Сараево.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 126, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30 април – 2 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот