Романот „Анатомија на бумбарот“ е возбудлив трилер од Стефан Марковски

Романот „Анатомија на бумбарот“ од Стефан Марковски, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“, на македонски јазик е објавен од издавачот „Паблишер“.

Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови што во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото, а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт, кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба.

Стефан Марковски (Гевгелија, 1990) е македонски романсиер, драматург и поет. Покрај „Анатомија на бумбарот“, ги објавил и романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“, збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ и поетскиот избор „Ветена земја“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот