Романо ја потврди првата трансфер бомба на Реал Мадрид

Антонио Ридигер на крајот од сезоната си заминува од Челси/ фото: EPA-EFE/Vickie Flores

Дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер ќе биде првото засилување на Реал Мадрид за следната сезона. Оваа вест ја потврди новинарот чија специјалност се фудбалските трансфери, Фабрицио Романо кој открива дека останати се да се решат само ситните детали од договорот додека најважните се договорени.

Ридигер се очекува наскоро да потпише четиригодишен договор и да биде првото големо засилување за тренерот Карло Анчелоти за следната сезона.

Дека Ридигер на крајот од сезоната си заминува од Челси вчера потврди и менаџерот Томас Тухел.

– Ситуацијата е таква што Ридигер сака да си оди, разговаравме и тој ме извести за неговата намера. Клубот и јас сторивме сè што можевме за да го натераме да ја промени одлучуката, но… Доколку не беа санкциите ќе бевме во можност барем да се бориме за него, но вака рацете ни се врзани. Не сум среќен поради тоа, но Ригигер донесе одлука – рече Тухел.

Ридигер кој игра фантастично сезонава, треба да биде новиот партнер на Едер Милитао на стоперката позицијата, ,додека Давид Алаба ќе биде прекомандуван на левата бековска позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот