РОМАНКА И НЕЈЗИНИОТ СИН ЗАГИНАЛЕ НА ХАЛКИДИКИ: Покрив паднал врз жената, детето летнало во воздух! (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиРегион

РОМАНКА И НЕЈЗИНИОТ СИН ЗАГИНАЛЕ НА ХАЛКИДИКИ: Покрив паднал врз жената, детето летнало во воздух! (ВИДЕО)

Ветерот бил толку силен што подигнувал киосци и тезги од улиците.

Во катастрофалното невреме на грчкиот Халкидики загинаа седум туристи, а најмалку 120 се повредени. Според информациите загинале двајца постари туристи од Чешка, жена и осумгодишен син од Романија, маж и дете од Русија. Се стравува дека бројот на жртви е поголем.

Ветерот бил толку силен што подигнувал киосци и тезги од улиците. Една новинарка која се нашла во таверна открила како настрадале Романка (54) и нејзиниот син (8).

„Воопшто не сфажавме што се случува. Трчавме, секој помагаше и извлекуваше колку може, а имавме десетина повредени. За жал жената и нејзиниот син не успеавме да ги извлечеме“, изјавила таа.

Ветерот на таверната фрлиле киоск и тезги, под кој останала заробена несреќната жена со детето.
Покривот паднал директно врз жената, а нејзиниот син брзо реагирал и се обидел да ја спаси, а додека трчал да ја извлече ветерот го подигнал високо во воздух и со сета сила го фрлил на веќе искршеното стакло на подот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close