Романија: Учениците во Букурешт од утре на онлајн настава, маската ќе биде задолжителна и на отворено

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Учениците во романскиот главен град, Букурешт од утре ќе продолжат со онлајн настава, а носењето на маска ќе биде задолжително и на отворено, изјави портпаролот на префектурата, Маријана Станку-Ципишка.

Таа појасни дека е забранета работата на киносалите, на театрите и на концертните сали, како и на затворените ресторани, освен оние во хотелите и во пансионите кои имаат право да служат само свои гости. Од ваквата мерка се изземени ресторани и кафулињата на отворено. Мерките ќе важат 14 дена, а ќе почнат да се применуваат од 20 октомври во 20 часот.

Во Букурешт, во последните 24 часа, се регистрирани 581 нов случај на ковид-19, со стапка на инциденца која достигна 3,19 на илјада луѓе. Во изминатото деноноќие се потврдени 2.466 нови случаи во земјата преку 8.040-те направени тестови. Починаа 59 лица, а на одделите за интензивна нега се сместени 757 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот