Романија протерува руски дипломат во знак на солидарност со Чешка

Романија ќе  протера руски дипломат во знак на солидарност со Чешка, која има дипломатски судир со Москва, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Букурешт, следејќи го примерот на неколку земји од Централна и Источна Европа.

– Романските власти одлучија да го прогласат Алексеј Гричаев, заменик воен аташе во Руската амбасада во Букурешт, за персона нон грата во Романија, со оглед на неговите активности и дејствија кои се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на Министерството.

Романското МНР додава дека рускиот амбасадор Валериј Кузмин бил поканет и информиран за таа одлука.

Минатата недела чешката Влада ја обвини руската тајна служба дека е одговорна за експлозијата на складиштето за муниција во 2014 година, при што загинаа две лица, и протера 18 руски дипломати поради шпионажа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот