Романија купува американски тенкови Абрамс

Фото: NARA & DVIDS Public Domain Archive

Романските воени претставници најавија дека државата ќе купи баталјон тенкови Абрамс од САД, со што Букурешт ќе стане трет корисник на тој тип тенкови во Европа, по Полска и Украина.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, одлуката на Букурешт се заснова на заклучоците од анализата на Министерството за одбрана за итната модернизација на оклопните единици, која е во тек од минатата година.

Во потесниот круг се најдоа Абрамс, германски Леопард 2 и јужнокорејски К2 Пантер.

„Абрамс е најдоброто средство со уникатни карактеристики за извршување задачи“, изјави началникот на Генералниот директорат за вооружување, генерал Теодор Инкикас.

Тој не прецизираше колку тенкови од тој модел ќе се купат и во која верзија, но се претпоставува дека ќе ги има 54, што е стандарден број оклопни возила за единица на ниво на баталјон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот