Романија ќе се жали до УЕФА за натпреварот со Косово

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Oд Фудбалската федерација на Романија најавија дека ќе поднесат жалба до Судот за спортска арбитража за одлуката на УЕФА по инцидентите кои се случија во натпреварот со Косово.

Натпреварот кој беше одигран на 15 ноември не го дочека својот крај откако гостинскиот тим одби да продолжи да игра и го напушти теренот на две минути пред крајот.

На крајот средбата беше регистрирана со службен резултат од 3:0 за косовските фудбалери.

„Од федерацијата на Романија сметаат дека санкциите на УЕФА се неоправдани и недостасуваат кон ко косовската федерација. Косово го прекрши најважниот принцип во фудбалот, а тоа е натпреварот да се доигра на теренот. Тие не беа санкционирани. Место тоа ние добивме казни кои ги сметаме за превисоки“, изјави првиот човек на Фудбалската федерација на Романија, Разван Бурлеани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот