Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ во Украина

Ракетен систем Патриот / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Долниот дом на романскиот Парламент о вторникот усвои денеска усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“.

Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“.

Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот