Романија го има најбрзиот фудбалер на Европското првенство 2024

фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Откривме кои се најбрзите играчи на Европското фудбалско првенство кое се одржува моментно во Германија.

Како што пренесува Idman.biz, оваа Топ 10 листа ја објави прес-службата на Европската фудбалска куќа (УЕФА),.

Валентин Михаила од редовите на романската репрезентација е најбрз во Германија со брзина од 35,8 километри на час.

На втората позиција е швајцарскиот репрезентативец Дан Ндоје со 35,6 км/ч, а третопласиран е Данецот Расмус Хојлунд (35,5 км/ч).

На оваа листа се наоѓа и новото засилување на Реал Мадрид, еден од најдобрите светски напаѓачи Французинот Килијан Мбапе кој е на осмото место.

1. Валентин Михаила (Романија) – 35,8 км/ч;
2. Дан Ндоје (Швајцарија) – 35,6 км/ч;
3. Расмус Хојлунд (Данска) – 35,5 км/ч;
4. Рафаел Леао (Португалија) – 35,4 км/ч;
5. Џереми Фримпонг (Холандија) – 35,2 км/ч;
6. Нуно Мендеш (Португалија) – 35,1 км/ч;
7. Киран Тирни (Шкотска) – 35 км/ч;
8. Килијан Мбапе (Франција) – 35 км/ч;
9. Михаил Мудрик (Украина) – 34,9 км/ч;
10. Кајл Вокер (Англија) – 34,8 км/ч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот