Романија: Доживотен затвор за силувачи и педофили

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

Премиерката на Романија Виорица Данчила, истакна дека во Романија ќе се одобри итна одредба, со која ќе се воведе казна доживотен затвор за силување и педофилија.

Оваа изјава на премиерката следува неколку дена, откакоако ДНК-тестовите потврдиле дека девојка којашто била киднапирана е убиена.

Овој случај на киднапирање предизвика бес на јавноста и откри длабоки недостатоци во полицискиот систем на оваа земја-членка на ЕУ.

65-годишен механичар од град во југот на Бугарија признал дека ја убил 15-годишната Александра Мацесана, која исчезнала на 24 јуни, како и  18-годишното девојче кое за последен пат било видено во април. Исчезнувањето на девојчињата ги запре контроверзните правни реформи во Романија

– Имам нула толеранција кога станува збор за недостаток на хуманост и почит кон граѓаните – , им рече Данчила на новинарите кога ги објави плановите на владата.

Педофилите и силувачите кои се прогласени за виновни во Романија, се соочуваат со затворски казни од седум, односно 12 години, а силувачите можат да бидат осудени на 18 години затвор ако жртвата почине.

Мацесана трипати го повикала европскиот број за итна помош 112 за да каже дека е киднапирана, тепана и силувана.На властите им беа потребни 19 часа за да го лоцираат и да влезат во домот на механичарот, додека се мачеле да ги лоцираат нејзините повици.

Тие пронашле запалени делови од коски и собрале примероци на ДНК. Постапувањето на надлежните во овој случај предизвика улични протести. Министерот за внатрешни работи поднесе оставка, додека началникот на полицијата и неколку други функционери добија отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот