Романија денес ќе одлучи дали ќе ѝ го испрати системот „Патриот“ на Украина

Ракетен систем Патриот / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Врховниот совет за национална одбрана на Романија денеска ќе се состане под раководство на претседателот Клаус Јоханис, а меѓу темите на дневниот ред е и анализа на можноста Романија да и го обезбеди на Украина системот за противвоздушна одбрана „Патриот“.

На состанокот во мај, романскиот Јоханис го увери американскиот претседател Џо Бајден дека Романија ќе најде решение за да обезбеди еден систем Патриот на Украина. Во исто време, Јоханис истакна дека за тоа прашање треба да разговара Врховниот совет за национална одбрана и да видиме што ќе добие земјата за возврат, бидејќи „неприфатливо е Романија да остане без воздушна одбрана“.

Минатата недела Романија го пушти во употреба вториот ракетен систем Патриот од вкупно седум комплекси за кои земјата потпиша договор во 2017 година со американскиот производител на оружје Raytheon во вредност од 3,9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот