Романија алармира за повреда на воздушниот простор кај границата со Украина
Романија која е членка на НАТО, информира дека постои можност за нарушување на нејзиниот воздушен простор за време на ноќните напади на Русија, врз инфраструктурата во регионот на Дунав во соседна Украина.
По излегувањето во јули од договорот за украинскиот извоз на жито преку Црното Море, Русија ги интензивираше нападите врз областите Одеса и Миколаев, каде што основната инфраструктура за извоз на жито се наоѓа на југот на Украина.
Романското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта била откриена група беспилотни летала кои се движат кон украинска територија во близина на границата со Романија.
„Радарскиот систем за надзор покажа можно неовластено навлегување во националниот воздушен простор, каде сигналот беше откриен на патот што води кон градот Галац на самата граница“, се вели во соопштението.
Засега нема информации дека нешто паднало на територијата на Романија.