Романците негираат трансфер на Тешеира во Металург!

фото: твитер

Раководството на романскиот клуб ЧСМ Букурешт објави дека Бразилецот сè уште не потпишал за македонската екипа..

Денеска клубот од „Автокоманда“ го промовираше своето ново засилување, обезбедувајќи ги услугите на бразилскиот репрезентативец Енрике Тешеира.

Но, романските медиуми информираат дека реалноста се чини дека е поинаква.

Раководството на романскиот клуб ЧСМ Букурешт објави дека Тешеира сè уште не потпишал за македонската екипа и дека прва опција за Бразилецот останува ЧСМ Букурешт.

Како што пренесува „handbalvolei.ro“, Металург објави дека Тешеира потпиша договор на една година, но ова Бразилецот го негира.

Тренерот на ЧСМ Букурешт, Кристи Стамате вели дека следната недела Тешеира ќе ја донесе конечната одлука и дека Металург побрза да го објави трансферот на 31-годишниот среден бек.

Тешеира не потпиша со Металург и неговата прва опција останува ЧСМ Букурешт – рече Стамате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот