Романа веќе не е во затвор, чека депортација: Нејзиниот партнер ќе ги врати парите што ги украле

Instagram

Пејачката Романа Паниќ (45) пред два дена е пуштена од затворот во Бризбејн, каде што служеше дел од казната на која беше осудена поради грабеж на банкомат.

Таа и нејзиното момче Филип Мркајиќ украле 14.400 евра, поради што Романа беше осудена на една година казна, со право на ослободување на условно по два месеци отслужување на казната.

Поради добро однесување Романа е пуштена на слобода по 40 дена и чека да биде депортирана во Србија.

„Романа наскоро ќе се врати во Белград. Нејзиното момче прифати сам да ги врати парите што ги украле“, рече пријателка на пејачката за Информер.

Пријателката вели дека Романа се срами поради тоа што се случило, во еден момент била целосно разочарана, но сега се чувствува многу подобро и се враќа во родната земја.

Романа жива се изеде откако е уапсена. Психички се чувствува подобро бидејќи конечно се враќа во Србија, но во еден момент баш потона. Ми кажуваше дека во затворот добро се однесувале со неа, но сепак неколкупати барала помош од психијатар. Ми призна дека се кае поради сè, дека ова и била животна лекција, која, ако била паметна, можела да ја избегне. Ми рече дека вакво нешто веќе никогаш нема да и падне на памет, па дури и да мора да проси на улица. Повеќепати повтори дека се чувствува лошо зашто се посрамила и себе и семејството. Не знае како да се појави пред мајка и, која е очајна поради целата ситуација“, открила пријателката.

Мајката на Романа од срам веќе цел месец не излегува никаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот