РОМАН на годината: Дваесет наслови го минаа првиот круг

Комисијата за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, во состав: Николина Андова Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димоски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“) од пристигнатите 38 романи во првата селекција одбра 20 наслови што ја продолжуваат трката за оваа престижна награда.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, додека свеченото врачување на наградата ќе се случи во првата половина од април. Наградата „Роман на годината“ се доделува 21. пат. Неа ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 19, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-23 февруари 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот