Роман на годината: Дваесет дела ја поминаа првата селекција

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2021 година во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а годинава се доделува по 23-ти пат.

Првата селекција ја поминаа романите:

– „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

– „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или-Или“

– „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или-Или“

– „Атласот на тајните“, Дејан Крстески – Гостивар: Д. Крстески

– „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

– „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“

– „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“

– „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје

– „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“

– „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

– „Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“

– „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“

– „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“

– „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

– „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

– „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или-Или“

– „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

– „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или-Или“

– „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“

– „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот