Роман на годината: Девет дела го минаа вториот круг за престижната награда

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда. На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман.

Во првата селекција комисијата одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Во конкуренција се романите „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски (Или-Или), „Шрапнел“ на Игор Анѓелков (Или-Или), „Суво мастило“ на Владимир Илиевски (Македоника литера), „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски (Антолог), „Ши“ на Сашо Кокаланов (Или-Или), „Сфинга на гневот“ на Жарко Кујунџиски (Антолог), „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски (Матица македонска), „На враќање“ на Фросина Пармаковска (Или-Или) и „Куќа над брановите“ на Билјана С. Црвенковска (Чудна шума).

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март. Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22. пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 70, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот