Роман Головченко е новиот премиер на Белорусија

Фото: МИА

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го назначи Роман Головченко за нов премиер на земјата, јави агенцијата БелТа.

Според шефот на државата, кој неодамна предупреди на претстојните промени во владата, ова не е невообичаено, туку „природен процес”.

Лукашенко вчера потпиша указ со кој ја распушти целата влада.

На 25 мај, Лукашенко ги објави плановите за смена на владата пред претседателските избори на 9 август. Тој е на власт од 1994 година и се очекува да освои шести мандат.

Според информациите на интернет порталот Tut.by, тој изјавил дека ќе назначи вршители на должност, а по изборите, доколку кабинетот работи добро, тој ќе го одобри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот