Рома сака да го задржи Џеко до крајот на кариерата

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

„Римската волчица“ сака да ја продолжи соработката со одличниот напаѓач.

Иако пред една година изгледаше дека трансферот на репрезентативецот на БиХ во Интер е готова работа, но двата клупа не успеаја да се договорат за обесштетувањето по што Един Џеко остана во Рома.

Интер неодамна повторно го обнови интересот на одлчниот напаѓач кој сезонава на 26 натпревари постигна 14 гола и има шест асистенции, но овој пат Рома има поинакви планови.

„Волчицата“ му подготви нов тригодишен договор на Џеко, финансиски подобар од актуелниот кој го потпиша минатото лето, и се очекува да ги прифати условите и да ја продолжи верноста кон Рома, пишува „Газета дело Спорт“.

Доколку се согласи да остане уште три години во Рим, тоа ќе значи дека Џеко кариерата ќе ја заврши во Рома бидејќи по истекот на договор тој ќе има 37 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот