Рома го доби извинувањето, судиите ја признаа грешката! (ВИДЕО)

twitter.com/BBCSportScot

Во четвртокот во рамките од третото коло во Лига Европа, Рома ремизираше 1:1 на домашен терен против екипата на Борусија Менхенгладбах.

Римскиот клуб беше многу блиску до освојување на трите бода, но непосредно пред самиот финиш Германците од пенал успеаја да го избегнат поразот.

Главниот судија од Шкотска, Вили Колам покажа на белата точка сметајќи дека Крис Смолинг во својот казнет простор играл со рака.

Но, доколку се погледне подобро снимката топката не удрила во ниту една од неговите раце, туку во главата на дефанзивецот на Рома. После мечот беа разочарани Италијанците, а својата грешка многу брзо ја видоа и судиите.

– Разговаравме со судиите после натпреварот и тие признаа дека одлуката да се досуди пенал беше погрешна. Тоа го почитуваме и им се заблагодаруваме на искреноста. Сега се фокусираме на наредниот меч – напишаа од ФК Рома на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот