„Ролс Ројс“ го претстави најбрзиот електричен авион на светот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Телеграф

Компанијата „Ројлс Ројс“ на аеродромот во Глоучестершајр претстави електричен авион, за кој уверува дека е најбрз на светот. Ова летало може да постигне брзини поголеми од 480 километри на час, а целосно работи на електричен погон, пренесува „Блиц“.

Авионот има комбинација од батерии кои овозможуваат доволно енергија за потребите на 200 домаќинства или лет од Лондон до Париз со едно полнење на батеријата.

Неговите 6.000 ќелии се изработени со идеја максимално да се намали тежината и максимално да се зголеми термалната заштита, а тука е напредниот ситем за ладење кој директно ги лади ќелиите за време на максимално оптеретување.

Пропелерот придвижува три високоефикасни мотори чии острици вртат на значително понизок број на вртежи во однос на конвенционалните авиони, пренесуваат медиумите.

Сите овие решенија овозможуваат 500 коњски сили и енергетска ефикасност од 90 отсто, додека за споредба, болидите во Формула 1 имаат максимална енергетска ефикасност од 50 отсто.

Авионот е дел од иницијативата со име „ACHEL“ (Accelerating the Electrification of Flight) и вклучува повеќе партнери, како што е произведувачот на електрични мотори „YASA“ и авиацискиот старт-ап бизнис „Електрофлајт“.

Половина од проектите ги финансира „Aerospace Technology Institute“ (ATI), во соработка со Министерството за бизнис, енергија и идустриска стратегија на Велика Британија.

„Ролс Ројс“ започна партнерство и со „Ербас“ на развој на „E-Fan X“ технологија која би требало да претставува нов чекор во развојот на хибридните комерцијални авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот