Ролат со кокос

Состојки:

300 грама кокос
300 грама шеќер во прав
1 лажица какао
100 грама чоколадо
200 грама бисквити
300 грама маргарин
1 ванилин шеќер

Подготовка:

Најпрвин сомелете ги бисквитите и во нив додадете го претходно растопеното чоколадо.

Во посебен сад ставете го маргаринот малку омекнете, а потоа разматете го со миксер додавајќи шеќер во прав и ванилин шеќер. Во таа смеса додадете го кокосот и добро измесете со раце.

Потоа во мелените бисквити додајте половина од смесата со кокос и сè добро изработете со раце.

На фолија прво ставете го темниот дел и растегнете го, а потоа светлиот дел со кокос, па свиткајте ролат.

Оставете добро да се излади и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот