Ролан Гарос: Вавринка ја запиша 150 грен слем победа!

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Швајцарецот Станислас Вавринка се пласираше во третото коло на турнирот во Париз, „Ролан Гарос“. Шампионот од 2015 година денеска во втората рунда го совлада Германецот Доминик Кепфер со 6:3, 6:2, 3:6 и 6:1.

Вавринка до 150 триумф на грен слем турнирите дојде после два часа и 10 минути игра. На крајот имаше 51 „винер“ и 52 неизнудени грешки, додека неговиот ривал имаше 17 директни поени и 33 грешки.

Следен противник на швајцарскиот тенисер ќе биде Французинот Гастон кој беше подобар од Јапонецот Нишиока.

Во другите средби од денешната програма кои се досега завршени, Американецот Корда приреди изненадување елиминирајќи го сонародникот Џон Иснер со 3:1 (6:4, 6:4, 2:6, 6:4), а се радуваше уште еден американски претставник, Фриц триумфираше над Албот од Молдавија.

Грен слем турнирот во Париз продолжува без Вилијамс!

Во женска конкуренција својот настап рано го заврши Викторија Азаренка од Белорусија која двапати со 6:2 загуби од словачката претставничка Ана Каролина Шмидлова.

Надја Подороска од Аргентина ја изненади Јулија Путинцева од Казахстан (6:3, 1:6, 6:2), а Барбора Стрицова загуби во чешкиот дуел од Барбова Крејчикова со 4:6, 6:3 и 3:6.

Успешни беа уште Свитолина, Александрова, Анисимова, додека Кики Бертенс од Холандија, петтата носителка на турнирот со 7:6 (5), 3:6 и 9:7 триумфираше против Сара Ерани од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот