Ролан Гарос: Шампионката Швјонтек загуби само два гема во второто коло
Слободен печат
Пред
epa09245961 Iga Swiatek of Poland celebrates winning against Rebecca Peterson of Sweden during their second round match at the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 03 June 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Актуелната шампионка Ига Швјонтек одигра одличен меч против Швеѓанката Ребека Петерсон на која и дозволи да освои само два гема. Во мечот кој траеше само 61 минута, Швјонтек славеше со 6:1,6:1.
Во првиот сет, лесно дојде до три брејка со кои поведе со 5:0 за потоа да го загуби својот сервис. Но, шампионката од минатата година веднаш направи рибрејк и го доби сетот за 34 минути игра.
Вториот сет беше идентичен на првиот, полската тенисерка два пати го одзеде сервисот на противничката и повторно поведе со 5:0 по што Петерсон успеа само да освои почесен гем во вториот сет.
Следна противничка во третото коло на Швјонтек ќе биде Анет Контавеит која со 6:2,6:0 ја победи француската тенисерка Кристина Младеновиќ.
Пласман во третото коло обезбеди и Џенифер Брејди од САД која во три сета со 6:4,2:6,7:5 ја победи Фиона Феро и си обезбеди пресметка со сонародничката Коко Гоф која пак со 6:3,7:6 ја елиминира Џијан Ванг од Кина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 227, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – интервју со Викторија Рангелова-Петровска, в.д. директорка на Драмски театар Скопје: Десетте новопримени актери се новото театарско гориво – …
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се занимаваат со неколку меѓусебно поврзани политичко-економски теми, каде редовен зачин е актуелната кампања за претседателските и парламентарните избори, која е толку бесмислена што ако не е човек новинар би немало причина зошто да ја следи, а сите други би биле пресреќи ако изборите …