10.8 C
Скопје

Ролан Гарос се одложува за една недела

Вториот годинешен грен слем турнир, Ролан Гарос, ќе се одржи од 30. мај до 13. јуни, една недела подоцна од првичниот план, пренесува „Лекип“.

Поместувањето на стартот на Ролан Гарос за една недела ќе значи дека паузата помеѓу грен слем турнирот во Париз и Вимблдон ќе биде само две неделни доколку не дојде до нови промени.
Причината за одложувањето на Ролан Гарос за една недела е пандемијата на коронавирусот и одлуката на француската влада да воведе строг карантин кој ќе заврши кон средината на мај, по што ќе биде потребно тенисерите и тенисерките кои ќе настапат на грен слем турнирот да поминат одреден период во изолација.
Минатата година, Ролан Гарос наместо на пролет се одржа во октомври поради пандемијата на коронавирусот. Титулата ја освои Рафаел Надал кој дојде до 13. триумф на терените во Париз.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар