Ролан Гарос сака да го „убие“ Лејвер купот

твитер

 

Поранешниот австралиски тенисер, Сем Грот, ги обвини првите луѓе на Ролан Гарос дека намерно го саботираат Лејвер купот.

Поради пандемијата на коронавирусот, организаторите на Ролан Гарос одлучија грен слем турнирот да го презакажат за 20 септември со што ќе „прегази“ многу помали тениски турнири, а исто така во опасност е и Лејвер купот кој е закажан да се игра од 25 до 27 септември.

– Мислам дека тениската федерација на Франција во корелација со Интернационалната тениска асоцијација го поддржаа новиот формат на Дејвис купот, а сега својот турнир, Ролан Гарос, го закажаа и исто време кога треба да се игра Лејвер купот, кој за нив претставува реална закана. Исто така и АТП Купот го гледаат како закана за Дејвис купот.

Имам чувство дека се обидуваат да го „убијат“ Лејвер купот пред тој да стане голем тениски настан како што е Рајдер купот во голфот. Нема да ме изненади доколку сево ова заврши на суд бидејќи во игра се многу пари и големи спонзори – вели Грот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот