Ролан Гарос: Надал победи и постави нов рекорд, Швјонтек сигурно чекори кон одбрана на титулата

epa09249743 Rafael Nadal of Spain celebrates winning against Cameron Norrie of Britain during their third round match at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 05 June 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Бранителите на трофеите во машка и во женска конкуренција на Ролан Гарос, Рафаел Надал и Ига Швјонтек, обезбедија пласман во осминафиналето.

Надал кој е во лов на 14. титула во Париз, со 6:3,6:3,6:3 го победи Британецот Камерон Нори.
Со оваа победа Надал дојде до 103 победа во 105 меч на Ролан Гарос, со што стана апсоутен рекордер, односно стана тенисер со највеќе победи на еден од четирите грен слем турнири.

Во првиот сет на Надал му беше доволен само еден брејк за дојде до водство од 1:0.Но, затоа во вториот сет имаше ревија на брејкови. Нори поведе со 1:0, по што следеше серија од четирибрејка по ред, а во моментите кога сервираше за водство од 4:1 во гемови, Британецот го загуби сервисот по што Надал потоа уште два пати го одзеде неговиот сервис и го реши сетот во своја корист со 6:3. Третиот сет беше идентичен на првиот, бранителот на трофејот направи само еден брејк, но и тој беше доволен за конечен триумф и пласман во осминафиналето каде го очекува пресметка со талентираниот Италијанец Јаник Синер.

Ига Швјонтек/EPA-EFE/IAN LANGSDON

Во женска конкуренција, шампионката Ига Швјонтек со 7:6,6:0 ја победи Анет Контавеит за 84 минути игра. Со убедливиот триумф, одличната полска тенисерка ја продолжи серијата која ја започна од минатогодинешното издание на Ролан Гарос кога дојде до титулата без загубен сет, и оваа година трите меча исто така ги доби без загубен сет.

Сепак, Контавеит која победи во претходните два меѓусебни дуели, одлично играше во првиот сет кога поведе и со 2:0 во гемови, но Швјонтек успеа да се врати и во тај-брејкот да слави со 7:3. Пропуштената шанса да го освои сетот, ја исцрпи Контавеит која немаше никакви шанси во вториот сет кој го загуби со убедливи 6:0.
Нејзина противничка во осминафиналето ќе и бид Украинката Марта Костјук која со 6:1,6:2 ја победи руската тенисерка Вера Грачева.
Пласман во следната рунда обезбеди и Онс Жабер од Тунис која ја победи Магда Линет со 3:6,6:0,6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот