„Ролан Гарос“: Медведев имаше успешен старт, елиминиран Шаповалов

Следен ривал на Данил Медведев ќе биде Ласло Ѓере/Париз, Франција/24 мај 2022/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Вториот тенисер на светот Данил Медведев се пласираше во второто коло на грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

Денеска Русинот на Отвореното првенство на Франција рутински го совлаада Факундо Бањис од Аргентина со 3:0, сите три сета ги доби со резултат 6:2.

За Медведев, кој до триумфот дојде за 100 минути, ова беше само втор меч на земја оваа сезона. Во следното коло рускиот натпреварувач ќе ги одмери силите против Ласло Ѓере (Србија) кој трипати со 6:4 го совлада Литванецот Рикардас Беранкис.

Елиминација доживеа 15 носител Денис Шаповалов од Канада кој со 6:4, 6:1 и 7:6 (4) загуби од Данецот Холгер Руне.

Дождот привремено им создава проблеми на организаторите поради што доаѓа до прекин на мечевите на турнирот.

Во женска конкуренција досега завршија овие дуели: Андриањафитримо – Плишкова 1:2, Бронцети – Остапенко 0:2, Колинс – Томова 2:0, Круниќ – Рахимова 2:0 и Корне – Дои 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот