„Ролан Гарос“: Карењо Буста е наредниот ривал на Ѓоковиќ

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Во последниот осминафинален меч во машка конкуренција на грен слем турнирот во Париз, Пабло Карењо Буста со 3:0 го елиминираше Даниел Алтмајер. За два часа и 22 минути игра шпанскиот натпреварувач успеа со 6:2, 7:5 и 6:2 да го совлада германскиот тенисер.

Па така, во четвртфиналето на Отвореното првенство во Франција Карењо Буста ќе ги одмери силите против Новак Ѓоковиќ кој претходно триумфираше над Карен Хачанов.

Последен пат овие двајца тенисери се сретнаа на „УС Опен“ кога се случи и дисквалификацијата на најдобриот светски рекет.

Кај жените Американката Софија Кенин (четврта носителка на турнирот) со 2:1 (2:6, 6:2, 6:1) триумфираше над Французинката Фиона Феро.

Кенин во четвртфиналето ќе ги одмери силите против победникот од последниот осминафинале дуел помеѓу Онс Џабир (Тунис) и Дениел Роуз Колинс (САД).

„Ролан Гарос 2020“

Четвртфинале, двојки (мажи) –

Новак Ѓоковиќ-Пабло Карењо Буста
Андреј Рублев-Стефанос Циципас

Диего Шварцман-Доминик Тим
Јаник Синер-Рафаел Надал

Четвртфинале, двојки (жени) –

Ига Швјонтек-Мартина Тревизан
Елина Свитолина-Надја Подороска

Онс Џабир/Дениел Роуз Колинс-Софија Кенин
Петра Квитова-Лаура Зигемунд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот