18.8 C
Скопје

Ролан Гарос: Ѓоковиќ закажа нова класика против Надал!

Ја дознавме и втората полуфинална двојка на грен слем турнирот во Париз во машка конкуренција, во „финале пред финалето“, Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против Рафаел Надал.

Во последното четвртфинале на „Ролан Гарос“ првиот светски рекет Ѓоковиќ со резултат 3:1 во сетови 6:3, 6:2, 6:7 (5) и 7:5 го елиминираше Матео Беретини од Италија.

На тој начин српскиот ас се пласираше во полуфиналето каде што ќе игра против шампионот од минатата година, „кралот на земјата“, Надал. Ќе биде тоа реприза од минатогодишното финале и 58 меѓусебен меч на големите ривали.

Во второто полуфинале ќе се соочат Стефанос Циципас (Грција) и Александер Зверев (Германија).

В четврток се закажани полуфиналните двојки кај жените, Анастастија Пављученкова (Русија) – Тамара Зиданшек (Словенија) и Барбора Крејчикова (Чешка) – Марија Сакари (Грција).

Овој турнир во Париз се игра за награден фонд од 35.350.000 евра.

Ролан Гарос: Рафа полуфиналист, Шварцман само го налути „Бикот од Мајорка“!

Поврзани вести

Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

Слободен печат

Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

Слободен печат

Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

Слободен печат

ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

Слободен печат

ФОТО: Јокиќ се врати во родниот Сомбор и веднаш седна во едносед

Слободен печат

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Слободен печат

Остави Коментар