Ролан Гарос: Ѓоковиќ ексресно за 83. минути обезбеди пласман во третото коло

epa08712109 Novak Djokovic of Serbia in action against Ricardas Berankis of Lithuania during their men?s second round match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 01 October 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Првиот носител на грен слем турнирот во Париз, Новак Ѓоковиќ оствари убедлив триумф над Ричардас Беранкис во второто коло.

Ѓоковиќ работата во второто коло ја заврши за само 83. минути игра и со 6:1,6:2,6:2 го победи Беранкис и се пласира во третото коло на Ролан Гарос.

Ова воедно беше трет триумф на Ѓоковиќ над литванскиот тенисер во исто толку дуели.  Литванецот во ниту еден момент од дуелот не претставуваше никаква закана за првиот носител, а во финишот на вториот сет беа евидентни проблемите со грбот за Беранкис, со што остатокот од мечот претставуваше формалност.

Противник на Новак Ѓоковиќ во третото коло ќе биде Колумбиецот Гарин кој со 6:2,6:2,6:3 го победи Сандгрен.

Убедлив триумф во три сета оствари и Григор Димитров кој со 6:4,7:6,6:1 го победи Словакот Мартин, додека 15. носител Карен Качанов од Русија играше четири сета (1:6,7:6,7:6,7:6) со Јиржи Весели.
Полуфиналистот од УС Опен, Пабло Карењо-Буста уште еднаш ја потврди добрата форма и го победи Гвидо Пеља со 6:3,6:2,6:1.
Во маратонски меч е елиминиран деветиот носител Денис Шаповалов. Канаѓанецот за речиси пет часа игра загуби со 3:2 (7:5,6:7,6:3,3:6,8:6) во сетови од Роберто Карбалес Баена.

Кај дамите, Петра Квитова немаше никакви проблеми против Италијанката Паолини (6:3,6:3), исто како и Забаленка во дуелот со Касаткина (7:6,6:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот