РОЛАН ГАРОС: Финалистот од Рим му препушти само четири гема на Кецмановиќ

epa08702257 Diego Schwartzman of Argentina in action against Miomir Kecmanovic of Serbia during their men?s first round match during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 27 September 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман на стартот од Ролан Гарос ја потврди одличната форма која му донесе финале на Мастерсот во Рим.
Шварцман во првото коло на последниот годинешен грен слем турнир, со убедливи 6:0,6:1,6:3 го совлада српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ.
Аргентинецот првиот сет го реши за само 20 минути и во него не му дозволи на Кецмановиќ да освои гем, а со одлична игра продолжи и во вториот сет кој го доби со 6:1. Во третиот сет дојде до мало опуштање на Шварцман и му дозволи на противникот да освои три гема, но сепак победата не ја доведе во прашање.

Пресметката на грен слем шампионите му припадна на Станислас Вавринка кој за 97 минути го победи Енди Мареј. Вавринка славеше со убедливи 6:1,6:3,6:2 и во второто коло го очекува пресметка со Германецот Доминик Кепфер кој на Мастерсот во Рим стигна до четвртфиналето.

Во второто коло се пласира и Александер Зверев кој во три сета го победи Даниел Новак (7:5,6:2,6:4), а изненадување претставува елиминацијата на Борна Чориќ од Словакот Гомбос. Чориќ кој е 24. носител на Ролан Гарос загуби во четири сетаи тоа со 4:6,6:3,3:6,4:6.

Кај дамите, седумкратната грен слем шампионка Венус Вилијамс е елиминирана од 161. тенисерка на ВТА ранг листата, Ана-Каролина Шмедлова во два сета и тоа со 4:6,4:6.
Венус која има 40 години, сезонава ќе ја заврши без победа на грен слем турнирите. Главна причина за поразот се 47.неизнудени грешки, додека Шмедлова имаше само 24.

Американската тинејџерка Коко Гоф лесно со 6:3,6:3 ја совлада минатогодинешната полуфиналистка на Ролан Гарос, Џоана Конта и во наредната рунда ја очекува пресметка со 16-годишната Италијанка Тревизан која ја елиминира Камила Џорџи.

Сигурен настап во првото коло на Ролан Гарос имаа и Мертенс, Халеп, Гарсија, Стрицова, Путинцева како и Ежени Бушар која настапува со вајлд карта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот