Ролан Гарос: Циципас со пресврт во второто коло

epa08706216 Stefanos Tsitsipas of Greece hits a backhand during his first round match against Jaume Munar of Spain during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 29 September 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласира во второто коло на Ролан Гарос откако по голема борба и неверојатен пресврт успеа да го победи 109. тенисер на АТП ранг листата, Жауме Мунар во пет сета.

Циципас кој е петти носител на Ролан Гарос губеше со 0:2 во сетови против Мунар, но најде сили да направи пресврт и да слави со 4:6,2:6,6:1,6:4,6:4 и да се пласира во второто коло.

Ова беше прв пат во својата кариера Стефанос Циципас да успее да направи пресврт на грен слем турнирите откако губел со 0:2 во сетови.

Нареден противник во второто коло на Гркот ќе му биде Пабло Куевас кој во четири сета (6:1,2:6,6:4,6:2) го елиминира Лаксонен. Интересно е што овие двајца тенисери минатата недела на турнирот во Хамбург играа еден против други и победата ја однесе Циципас.

Убедливи победи и пласман во второто коло обезбедија и Роберто Баутиста Агут и Григор Димитров. Шпанецот за два часа игра со 7:6,6:2,6:1 го победи Ришар Гаске, додека Димитров беше подобар од Грегор Барера со 6:3,6:2,6:2 за 125 минути игра.
Пласман во второто коло обезбеди и Канаѓанецот Денис Шаповалов кој беше поуспешен од домашниот ветеран Жил Симон со 6:2,7:5,5:7,6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот