Рокот за понуди за Манчестер Јунајтед е до утре до 21:00 часот

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Потенцијалните нови сопственици на Манчестер Јунајтед имаат рок до утре до 21:00 часот да испратат понуди за купување на клубот од „Олд Трафорд“.

Засега не е познато дали ова е дефинитивно последниот рок и дали евентуално ќе пристигне уште некоја понуда. Сепак, можно е банката која е задолжена за целата операција за продажба да ги објави потенцијалните купувачи.

Ова автоматски значи дека двата понудувачи досега, катарскиот сопственик на ПСЖ, Ал-Јасим и сопственикот на „Инеос“, Сер Џим Ретклиф имаат само два дена да дејствуваат повторно по добиените информации при посетата на „Олд Трафорд“ минатата недела.

Двете стеани имале состаноци кои според она што се пишува на Островот биле позитивен и остануваат посветени на инвестицијата. Наводно и едниот и другиот понудиле износ помал од 5-6 милијарди колку што семејството Глејзер смета дека вреди клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот