Рокот за аплицирање е до 1 март: Стипендии за студии и истражувања во Словенија за академската 2021/22

Врз основа на Протоколот меѓу министерствата за образование на нашата земја и на Словенија од 2016 година, словенечкото Министерство за образование, наука и спорт доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Република Северна Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2021/2022 година.

Дваесет и четири месечни стипендии се однесуваат за студиско усовршување на високообразовните институции во таа земја, со поединечно времетраење од три до шест месеци, за кандидати до 26-годишна возраст.

Три стипендии се едносеместрални, секоја по четири месеци, за студенти по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и две стипендии се за посета на двонеделниот летен курс по словенечки јазик и се наменети, исто така, за студенти по словенечки јазик на УКИМ.

Повеќе информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на  интернет-страницата https://studyinslovenia.si/news/bilateral-scholarships-2021-22/, а апликацијата е достапна во електронска форма на: https://studyinslovenia.si/study/exchange-programmes/

Рокот за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука е 1 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот