Рокот истекува, зошто Барса не реагира?

twitter.com/MirrorFootball

Антоан Гризман повторно е актуелна тема, но се поставува прашањето што се случува со откупната клаузула на Французинот, каде греши Барселона?

Управата на Барса до денес имаше рок да ја исплати клаузулата на францускиот репрезентативец, но поради финансиски проблеми најверојатно тоа ќе биде одложено.

Идејата на каталонскиот гигант беше овие седум дена да промовира т.н. „Недела на Гризман“, но зошто ситуацијата е комплицирана?

Се предвидува дека до понеделник целиот процес ќе заврши со цел светскиот шампион започне да тренира со своите нови тимски колеги и да се подготвува за наредната сезона.

Гризман минатата сезона во шпанската фудбалска „Ла Лига“ за „јорганџиите“ имаше учинок од 37 натпревари и 15 голови.

Исто така, Барса има желба да го врати и својот поранешен играч кој досега беше ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, најскапиот играч на планетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот