Рој пчели прекина фудбалски меч во Танзанија! (ВИДЕО)

принтскрин/Youtube

Во 52. минута од натпреварот помеѓу Јанг Африканс и Иринга јунајтед во Танзанија, на „Ухур“ стадионот влета голем рој пчели, поради што беа загрозени бројни посетители како и играчите на двата тима.

Еден дел од играчите побегнаа од теренот, други веднаш легнаа на теренот, без да мрдаат, а бегаше публиката на трибините.

Пчелите прво се задржаа на теренот, а потоа се преселија на трибините, а потоа и го напуштија стадионот и мечот беше продолжен.

Прекинот траеше осум минути, а после завршувањето на дуелот некои од играчите се пожалија на повеќе убоди, но за нивна среќа без посериозни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот