РОХАНИ ВО ОН: Америка се однесува гусарски, било каква грешка во Персискиот залив може да предизвика голем пожар

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за „безмилосен економски тероризам” и, како што рече, пиратско однесување во меѓународните односи.

Иран нема да преговара за нуклеарно прашање сè додека на сила се санкции, рече Рохани во говорот пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој рече дека неговата земја „се спротивставува на најнемилосрдниот економски тероризам”.

Рохани, исто така, предупреди дека регионот е на работ на колапс, како и дека каква и да е невнимателна грешка може да „предизвика голем пожар”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот