РОХАНИ ПРЕДУПРЕДУВА: Војната со Иран е мајка на сите војни!

фото: EPA/ROLAND SCHLAGER AUSTRIA OUT

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека војната со Иран е „мајка на сите војни“ и уште еднаш предупреди дека бродовите не се безбедни во Ормутскиот теснец.

Рохани ова го изјави за државната телевизија, истакнувајќи и дека мир со Иран е „мајка на секој мир“.

Рохани додаде и дека ако САД сакаат да преговараат со нив, ќе мораат да ги укинат санкциите, нагласувајќи дека на Иран мора да му биде овозможено да увезува нафта.

– Не може Ормутскиот теснец да биде слободен за премин за вас, а ние да не можеме да го користиме Гибралтар – рече Рохани.

Како што се пренесува, речиси петина од светскиот транспорт на нафта се одвива низ стратешкиот Ормутски теснец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот