Рохани подготвен да одговори на мистериозниот напад врз иранскиот танкер

Фото: Профимедиа/AFP PHOTO / HO / IRANIAN PRESIDENCY

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека би била „голема грешка” да се каже дека Техеран нема да одговори на мистериозниот напад врз ирански танкер кој се случи во Црвеното Море кај брегот на Саудиска Арабија пред неколку дена.

Тој на заедничка прес конференција со пакистанскиот премиер Имран Кан рече дека Иран се уште го испитува инцидентот, како и дека има докази за тоа кој стои зад нападот, но не кажа други детали.

Пакистанскиот премиер Кан истакна дека неговата земја е против војна меѓу Саудиска Арабија и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот