Рохани го отфрли предлогот за нов нуклеарен договор од Трамп нарекувајќи ја „чудна“ понуда

Во говор што беше директно пренесуван на иранска телевизија, Рохани го повика Вашингтон да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година, од каде се повлече во 2018 година.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го отфрли предлогот за нов „договор изготвен од Трамп” што ќе има за цел да го реши нуклеарниот спор, изјавувајќи дека е тоа „чудна” понуда, притоа критикувајќи го американскиот претседател дека секогаш ги прекршува ветувањата.

Во говор што беше директно пренесуван на иранска телевизија, Рохани го повика Вашингтон да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година, од каде се повлече во 2018 година.

– Не знам како размислува тој господин премиер во Лондон ( Борис Џонсон, н.з.). Тој вели нуклеарниот договор да го ставиме на страна и да почнеме нов, според план на Трамп, рече Рохани.

„Доколку преземете погрешен чекор, тоа ќе биде на ваша штета. Изберете го вистинскиот пат. Вистинскиот пат е враќање кон нуклеарниот договор”, истакна иранскиот претседател.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој ја пофали умешноста на Трамп да склучува договори, вчера го повика американскиот претседател да го замени иранскиот нуклеарен договор со големите сили од 2015 година со свој нов договор, за да може да осигура дека Техеран нема да дојде до нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот